Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Илинден и Бизнис конфедерација на Македонија

од Вести365.МК Ј.Р.

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков, потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на проекти од областа на одржлив локален економски развој.

– Целта на Меморандумот е преку искористување на капацитетите од двете страни да се постигне остварување на заедничките интереси во насока на забрзување на локалниот економски развој преку зголемување на ефикасноста на инвестициите во општина Илинден. Со овој Меморандум ќе се придонесе да се зголеми бројот на нови работни места во општината, ќе се овозможат активности за волонтирање, со што би се укажала можност на младите и невработените да стекнуваат поголемо искуство. Исто така, ќе се даде поддршка на стартап бизнисите, млади стопански претпријатија и компании за олеснување на процедурите при реализација на инвестициите во општина Илинден, формирање на локален економски совет, како и формирање на бизнис клуб, се наведува во соопштението на Општина Илинден.

Како што се истакнува, во рамки на Меморандумот, ќе се обезбеди размена на информации за организирање на разни програми за обука поврзана со образование, култура, економски активности, туризам, поттикнување на проекти, апликации, искуства и така натаму.

Слични објави