Пожарот во Визбегово се приближува кон куќите, ЦУК најави можна евакуација

од Вести365.МК Ј.Р.

Пожарот близу дивата депонија во Визбегово е опасност за жителите во Шуто Оризари и ако има потреба ќе треба да се евакуираат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека му е укажано на градоначалникот на Шуто Оризари дека ако се процени ќе има потреба за евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон. Во моментов се интервенира од екипи на Бригатата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје.

„Во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи. По барање на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен“, соопшти Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) .

Густ црн чад се гледа во цело Скопје, депонијата е на два километри воздушна линија од центарот на градот. Депонијата се запалила утрово и најверојатно горат гуми.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати, вчера откри дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.

Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Анггелов синоќа во гостување на телевизија Телма.

Пожарот во Чучер Сандево денеска е угаснат, но некој упорно е решен Скопје да гори!

Слични објави