Одбележани 67 години од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 67 – годишнината од неговото раѓање. Цвеќе положија претставници на Советот на Општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.

„И покрај краткиот животен пат на Борис Трајковски, тој пат беше исклучително богат со вистински содржини и вредности. Тој се вивна во височините на македонскиот историски опстој за да стане и остане бесмртен за вечни времиња. Ретки се тие луѓе кои останале да живеат меѓу луѓето и тогаш кога физички не се меѓу нив. Борис беше човек кој неизмерно ги сакаше луѓето, Божје чедо кое го сакаше Севишниот Господ Бог, сопруг и татко кој неизмерно ги љубеше своите Вилма, Сара и Стефан, струмичанец кој си ја сакаше својата родна Струмица и Македонец кој ја сакаше Македонија, кој се гордееше со Македонија и кој веруваше во Македонија’, рече Зоран Костадинов, член на Советот.

Пред споменикот на Трајковски беа прочитани и наградените творби по распишаниот литературен конкурс во организација на библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Вториот претседател на државата, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.

Претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа кај Мостар на 26 февруари 2004 година

Слични објави