На жена и се заканува ЗАТВОР поради пораката што ја напишала на гробот на родителите на Путин: „Одгледавте ИЗРОД И УБИЕЦ!“

од Вести365.МК Ј.Р.

Државното обвинителство во Санкт Петербург побарало тригодишна условна затворска казна за жената која оставила белешка со „навредлива содржина“ на гробот на родителите на претседателот Владимир Путин, објави во средата организацијата за човекови права ОВД-Инфо.

Во октомври беше отворена кривична истрага против Ирина Цибанева (60), за која беше утврдено дека истиот месец ставила белешка на градските гробишта.

Рускиот портал Медиазона објави дека во белешката мајката и таткото на Владимир Путин се спомнуваат како „родители на лудак“ и се наведува дека „целиот свет се моли за неговата смрт“.

Смрт за Путин, одгледавте изрод и убиец“, се вели во пораката.

Властите ја обвинија Цибанева според законот за нарушување на достоинството на починатите и гробиштата „на основа на непријателска политика“.

Таа е во домашен притвор
По апсењето на Цибанева привремено и е одреден домашен притвор.

Цибанева не негираше дека таа е автор на пораката, додава Медиазона. Таа рече дека пораката ја напишала откако ги гледала вестите и „сфатила дека се е многу страшно, се е тажно и има многу мртви“.

Здружението ОВД-Инфо објавува информации дека 19.673 лица се приведени поради протести против руската агресија врз Украина од нејзиното започнување на 24 февруари 2022 година, а против повеќе од 550 од нив е отворена кривична постапка.

Окружниот суд Приморски, каде што се одржува судењето, не беше достапен за коментар ниту пак одговори на прашањето кога се очекува пресудата, според Ројтерс.

Слични објави