Свесен или не, како што вели, Ахмети ја плаќа цената од Груби, вели Изет Меџити, според кого неочекувано и разочарувачки е човек со долгогодишно искуство како Ахмети да заврши по паметот на Груби.
„Ахмети повеќе не е оној стариот. Не ја менаџира ситуацијата. Ниту по изразот ниту по вокабуларот не е ист. Тоа покажува нервоза, дека е исплашен и дека веќе не е комотен“, оценува Меџити за Макфакс.
На прашањето дали има шанса Артан Груби да седне на лидерската позиција наместо Ахмети во ДУИ, Меџити вели дека „и досега Груби де факто е лидер во ДУИ“.
„Ахмети му има препуштено сѐ. И власт и кадровска политика, само формално лидер е Ахмети. Песните ги пушта Артан наместо Ахмети.
Жално е тоа што го прави, за мене – не е чудно оти класен другар ми е, го познавам добро. Наместо да се занимава со тоа што му е задача, се занимава со други работи. Во сите овие 3-4 години не видовме ништо, освен овие концертите што ги организира како да води уметничко естрадно друштво. Тој и добро кога прави, лошо звучи и лошо изгледа“, вели Меџити.
Коруптивните скандали во ДУИ, според Меџити, покажуваат која е цврстата врска меѓу Ахмети и Груби и зошто Ахмети, како што вели, „по секоја цена, дури и по цена да се растури ДУИ, го држи Груби“.
Меџити појаснува дека е избран чуден тајминг во однос на апсењето на Исмет Гури и овој чин го смета како обид за пристисок и заплашување на луѓето што сакаат да заминат од ДУИ, а додава дека такви има многу и сите тие сакаат да му се приклучат на новото движење на Меџити.
„Некои за атер кон Али, други се плашат, трети тактизираат уште некое време. Но, со големо убедување кажувам дека над 90 % од тие што го носат товарот на ДУИ, размислуваат како нас“.
Потенцира дека целта со новото политичко движење, кое, според плановите, треба да го одржи својот прв конгрес во септемрви, е зајакнување на опозицискиот фронт и созадавање конкуренција.
„Тоа ќе донесе конкуренција, а не како досега кога позицијата без опозиција оди на спиење и забегува на други работи“, вели Меџити.