Локализиран пожарот во складиштето за нафта на Крим (ВИДЕО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Пожарот во складиштето за нафта во Севастопол на полуостровот Крим, предизвикан од напад на беспилотно летало, е локализиран. Тоа го соопшти гувернерот на Крим назначен од руските власти, Михаил Развозаев.

Нема повредени, но оштетени се четири цистерни.

Според првите информации, украински беспилотни летала ги погодиле резервоарите со нафта, предизвикувајќи огромен пожар.

Експлозијата се случила околу 04:20 часот денеска наутро. Една минута подоцна, велат, се случила уште една експлозија.

„Пожарот нема да влијае на снабдувањето со гориво во Севастопол. Овие резерви не беа искористени за снабдување со гориво на бензинските пумпи“, објави подоцна Развозајев.

Инцидентот се случи еден ден откако Русија истрела повеќе од 20 крстосувачки ракети и два беспилотни летала кон Украина, при што загинаа повеќе од 23 лица. Речиси сите загинаа во ударот на две ракети врз станбената зграда, а меѓу загинатите има и три деца.

Слични објави