Серијата „Круна“ влегува во нова ера.
Првите фотографии од долгоочекуваната шеста и последна сезона на серијата не носат во Шкотска на почетокот на 2000-тите. Принцот Вилијам (Ед Меквеј) влегува на Универзитетот Св. Ендрјус, каде што се надева дека ќе води што е можно понормален живот пред да ги преземе своите кралски должности.
Не знае дека иднината на круната започнува токму на кампусот кога ќе се сретне со колешката од Беркшир, Кејт Мидлтон (Мег Белами).
19-годишната Белами отиде на аудиција за улогата на Кејт Мидлтон откако виде повик на социјалните мрежи.
Шестата сезона на Круната ќе се појави на Нетфликс подоцна оваа година, а Имелда Стаунтон ќе ја репризира улогата на кралицата Елизабета Втора.
Се враќаат и Лесли Менвил како принцезата Маргарет, Доминик Вест како принцот Чарлс, Елизабет Дебики како принцезата Дијана, Клаудија Харисон како принцезата Ана и Оливија Вилијамс како Камила Паркер Боулс. Берти Карвел ја презема улогата на Тони Блер. Салим Дав е Мохамед ал Фаид, а Калид Абдала е Доди Фаид. Руфус Кампа и Флин Едвардс ќе ги играат принцовите Вилијам и Хари во претходните епизоди, додека Лутер Форд ќе ја преземе улогата на вториот подоцна во сезоната.