Коп: Нема да има ново вето, уставните измени се гаранција за почеток на преговорите

Менувањето на Преамбулата на македонскиот Устав е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со Европската Унија, уверува амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп.

– Втората фаза ќе почне во моментот кога Северна Македонија ќе ја смени Преамбулата во Уставот за да го вклучи бугарското малцинство, заедно со седумте етнички заедници кои се веќе споменати во Уставот. Заклучоците од Советот минатиот јули јасно кажуваат дека штом Северна Македонија ги усвои уставните измени, веднаш ќе почне втората фаза и тоа без каква било друга политичка одлука. Значи, да, менувањето на Преамбулата во Уставот го гарантира почетокот на новата фаза. Тоа е автоматски, вели амбасадорот Коп во интервју за РСЕ.

Тој потсети дека тоа е билатерална обврска меѓу  Македонија и Бугарија.

 Тоа е договор меѓу двете земји. Холандија не е дел од тој договор и како такви немаме интерес за тоа. Но, постои можност ова да стане еден вид оправдување за да не се завршат реформите, тоа го одвлекува вниманието за да не се завршат работите кои се навистина важни, а Бугарија ја сметаме за помалку важно, билатерално прашање поврзано со евроинтеграциите, рече Коп.

Слични објави