Според последната аналитика на Институтот за јавно задравје, од 4-ти до 12-ти декември се пријавени 87 случаи на заболувања во гупата „грип или слични на грип“.Оваа бројка е 40,3% повеќе во споредба со претходната недела, но е помалку за 6,5 отсто во споредба со истиот период лани.
Во текот на оваа извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнале и 31 материјал од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД19. Притоа, не се детектирани позитивни случаи на инфлуенца. Регистрирани се два пациенти со КОВИД-19 и осум со респираторен синцицијален вирус. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во однос на возрасната дистрибуција, 38 лица се на возраст од 15-64 години, 28 се деца на возраст од 0-4 години, 17 се деца на возраст од 5-14 години и 4 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (29 на100.000) е регистрирана кај децата на возраст од 0-4 години.
Заболените се пријавени од 13 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 49, Битола – 8, Тетово – 7, Куманово – 5, а во Кичево, Кавадарци, Берово, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица, Гостивар и Радовиш бројот на пријавени е помал од 5. Во 12 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, а во една (Дебар) – средна активност на вирусот на грип, додаваат од ИЈЗ.