Имаме системска поставеност на образованието која не функционираи покажа многу слабости. Ако немаме квалитетни луѓе согласно знаењата, согласно искуствата не можеме да зборуваме за кавлитетно образование. Кај нас на ниво на институции кадрите се поставуваат политички каде политиката ги наметнува тие луѓе, а не стручни научни, вели Ѓорги Илиевски, поранешен просветен инспектор за „Студио 10“.
Според него во сите тела кои одлучуваат за образованието во нашата држава, треба да има научни звања, наставно научни, трудови, да имаат најмлаку 10 години искуство во тоа.
Повеќе години зборувам за состојбите во образованието и мора да кажам дека доставено е до ЈО и до судовите и нема никаков ефект. Кога одиме некаде да испитаме, на пример стручниот универзитет на Рамиз Мерко, констатиравме дека, еве ексклузивно за ТВ 24, уверението за доктороат кој го има добиено во Нови Пазар, заедно со нотарката, жената на Ректорот Кадриу, докторилале во Нови Пазар и истиот не нострифициран. Јас би сакал министерот за образование и Јавното Обвинителството да реагираат. Доколку не реагираат ќе морам да го доставам ова и до американсаката амбасадорка Агелер. Таа има добра констатација, кај нас имаме болест на криминал и корупција, изјави то.