Една жена откатко бомба експлодирала во нејзините раце соопшти грчката полицијата. Станува збор 38-годишната жена која го носела експлозивниот механизам и најверојатно сакала да го постави до банката во 5 часот наутро каде ѝ се случила експлозијата.
Жената имала полициско досие и била поврзана со „позната антивладина фигура“, која сега е во затвор поради грабежи на банки и бомбашки напади во Атина и во Солун.
„Се чини дека таа ја носела бомбата за да ја постави пред машина за готовина пред банката. Нешто тргнало на лошо и бомбата ѝ експлодирала во раце“, изјави полициски офицер.
Жената била тешко ранета и починала во болница.
