На новинарско прашање дека Антикорупциската комисија реагира поради тоа до вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби оцени дека нивната реакција е поради тоа што не ги добиле новите простории во кои се всели Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. За потсетување, кај Груби беше организирана и прослава на роденденот на Ахмети.
Изгледа имaaт мал непробол што не ги добија просториите, таков впечаток имам. Ахмети е пратеник во Собранието, јас сум во дневна комуникација со него и преку средби, а има и средби со дел од парламентарното мнозинство, со владината коалиција, имал Ахмети и тука и во зградата на Владата средби со премиерот Ковачевски во Владата. Не гледам голема одговорност. Но, ако е за нив така голем проблемот, ќе гледаме да не се повторува“, одговори Груби.
Антикорупциската комисија ќе упати укажување до вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, за прекршување на етичкиот кодекс.
Инаку, честите партиски средби во Минситерството за политички систем и односи меѓу заедниците не се криеја од страна на Груби, па така и тој и други министри и самиот Ахмети заработија прекршочна казна кога таму беше организирана прослава на роденденот на лидерот на ДУИ, без маски на лицата во време на пандемија.