Вистинска драма се случувала денеска во центарот на Атина, каде вооружен маж пукал и ранил неколку луѓе, соопштија грчките власти, објави ЕРТ.
Во тек е потрага по напаѓачот, кој, според извештаите на грчките медиуми, има 89 години.
Полицијата соопшти дека осомничениот, вооружен со пушка, прво отворил оган во канцеларијата за социјално осигурување во центарот на Атина, каде ранил еден вработен. Полицијата која пристигнала на местото на нападот му помогнала на ранетото лице, а напаѓачот успеал да избега.
Постои сомневање дека истиот напаѓач подоцна отворил оган на приземјето од судската зграда во Атина, каде што биле ранети неколку лица, соопшти полицијата, додавајќи дека таму била пронајдена пушка.
Снимките од државниот радиодифузер ЕРТ њуз покажаа персонал за итни случаи како носи најмалку три лица од судот до амбулантните возила.
Мотивот за нападот не е јасен. ЕРТ објави дека напаѓачот наводно фрлал пликови со документи на подот по пукањето во судот и рекол дека тоа е причината за неговото дејствување.
Поседувањето оружје во Грција е дозволено, но е строго регулирано, пишува агенцијата АП.