ОВЕН
Овој ден не ви одговара целосно, бидејќи нема да можете да ја изразите својата енергична природа. Сепак, ова се одлични моменти за реализација на некои ваши планови, само што тоа ќе оди побавно. Очекувавте поголема поддршка од саканата личност и малку сте разочарани од нејзините реакции.
БИК
Некои ситуации ќе ви одат во прилог во текот на овој ден. Сепак, можно е да не можете да ги искористите сите можности, најмногу поради тоа што денес имате тенденција да брзате, па поради пропуст ќе мора да се вратите на самиот почеток. Размислувате дали да се движите кон една личност.
БЛИЗНАЦИ
Денес ги следите луѓето, но и случувањата околу вас, бидејќи ќе можете да искористите нешто од тоа, или барем да извлечете вистинска лекција. Постојат и можности за тајни договори. Го доведувате во прашање однесувањето на вашиот емотивен партнер и се обидувате да најдете оправдување за неговите постапки.
РАК
Можеби сте нервозни на самиот почеток на работниот ден, но како што одминува времето ќе се подобрувате во следењето на настаните. Усогласувањето на договорите и лесната комуникација со соработниците ќе направат да се чувствувате исклучително задоволни. Добри односи со саканата личност денес.
ЛАВ
Можеби некои деловни околности се малку затегнати денес и сте под притисок. Сепак, и покрај тоа, успевате да ги извршувате сите ваши обврски на вистински начин. Имате голема поддршка од колегите. Договорете се за важни заеднички прашања со вашиот емотивен партнер.
ДЕВИЦА
Ден создаден за остварување на вашите планови. Може дури и да ја почувствувате монотонијата во еден дел, бидејќи се се случува без никакви проблеми. Лесно се вклопувате со една личност и ви се допаѓа вниманието што ви го дава. Сепак, одвојте време и оставете ја другата страна да се отвори и да покаже што сака од вас.
ВАГА
Работите во деловниот сегмент не одат во насока во која сте посакувале, но не можете да кажете дека сте незадоволни од она што се случува. Посветете се на оние должности кои не бараат ваша целосна концентрација и внимание. Чувствувате дека вашата сакана е поладна кон вас денес.
СКОРПИЈА
Единственото нешто што може да ве попречи во договор денес се големиот број на обврски кои никогаш не успевате да ги доведете до крај. Можно е да направите компромис, а заради средба со некој важен за вас, одложете го тоа што сте планирале да го направите. Одлични контакти со спротивниот пол.
СТРЕЛЕЦ
Иако некои работи полека одат во деловниот сегмент, вие успевате да ги завршите обврските што сте ги направиле навреме. Ситуацијата повремено ве принудува да брзате, но свесни сте дека не смеете да си дозволите да правите грешки. Нема да можете да го остварите саканиот контакт, бидејќи другата страна има премалку време.
ЈАРЕЦ
Ова може да го наречеме еден од вашите денови. Луѓето со кои доаѓате во контакт ќе ви покажат колку сметаат на вас. Сигурност во извршувањето на обврските, но и добри аргументи во договорите со колегите. Пред вас е емотивно убав ден, искористете го за се што ќе посакате.
ВОДОЛИЈА
Сметате дека сте направиле добра зделка, иако моравте да се откажете од некои ваши услови или дополнително да се прилагодите на другата страна. Сепак, свесни сте дека тоа беше единствениот начин во моментов. Големи мисли за иднината со емотивен партнер. Се чувствувате сосема сигурно во оваа врска.
РИБИ
Расположението ви е променливо, но затоа вашите постапки се на вистинското место. Успевате да го потиснете незадоволството и да се претставите во вистинско светло пред оние со кои работите. Денес изберете друштво на пријатели, потребни ви се тие да ве извлечат од повремените емоционални сомнежи.