Дневен хороскоп за првиот ден во годината

ОВЕН

Среќна Нова Година, драг Овен! Опуштете се денес и не размислувајте за обврските. Сакана личност и во моментов сте под добра енергија, не дозволувајте ситниците да ви го расипат тоа.

БИК

Среќна Нова Година, драг Бик! За вас денот е одличен за љубов, одличен за дружење со пријателите – особено оние кои одамна не сте ги виделе. Доброто расположение нека трае.

БЛИЗНАЦИ

Среќна Нова Година, драги Близнаци! Добар ден е да поминете време со семејството и да се опуштите. Ако сте млади – подгответе се или за реприза на дочекот или барем за излегување со пријателите.

РАК

Среќна Нова Година, драги Ракови! Овој ден е раздвижен за вас, полн со енергија. Тоа е вистински момент да поминете квалитетно време со саканите или со партнерот.

ЛАВ

Среќна Нова Година, драги Лавови! Полни сте со енергија, полни со ентузијазам и повеќе од подготвени да бидете „на дело“ денес. Врската со саканата личност е опуштена и мирна.

ДЕВИЦА

Среќна Нова Година, драга Девица! Денес ќе сакате да го одвоите вашето време за да се сретнете со луѓето што ги сакате – без разлика дали се тоа членови на семејството, пријатели или партнер.

ВАГА

Среќна Нова Година, драги Ваги! Релаксиран и мирен почеток на денот, но нема да ве држи долго на место – тоа е одличен момент за секаков вид активност, без разлика дали со пријателите или со саканата личност.

СКОРПИЈА

Среќна Нова Година, драга Шкорпија! Се одржувате во добро расположение и сакате да бидете во движење. Денес повеќето пријатели се „на тапет“ и поголемиот дел од овој ден ќе го поминете со нив.

СТРЕЛЕЦ

Среќна Нова Година, драг Стрелец! Иако сте малку уморни во првиот дел од денот, сепак во вториот ќе бидете повеќе од подготвени да ги видите луѓето кои ги сакате и ги доживувате како „ваши“.

ЈАРЕЦ

Среќна Нова Година, драги Јарци! Пред вас е мирен и релаксиран ден. Иако стигнуваат покани од повеќе страни, многу е можно денот да се одлучите да го поминете дома, со членовите на семејството.

ВОДОЛИЈА

Среќна Нова Година, драги Водолии! Иако сакавте да се одморите во текот на овој ден – нема да можете да им кажете „не“ на пријателите кои се повеќе од подготвени да ве видат и да поминат време со вас.

РИБИ

Среќна Нова Година, драги Риби! Најверојатно денес вие и вашиот партнер ќе бидете во друштво на заеднички пријатели и ќе се опуштите. Добра енергија и убав ден пред вас.

Слични објави