Уништени згради, патишта, луѓето во страв чекаат цунами- Јапонија ја потресе земјотрес од 7,5 степени

За само 12 минути на брегот на Хоншу беа забележани три земјотреси, а најсилниот беше 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Локалните медиуми јавуваат дека има урнати згради, дека е причинета голема материјална штета на бројни објекти, а уништени се и многу патишта кои се отворија од силината на земјотресот.

Веднаш по разорниот земјотрес е издадено предупредување за цунами, а во некои области веќе се забележани бранови високи и до 1,2 метри. Се уште нема информации за жртви, а на социјалните мрежи кружат видеа кога тлото почнало да се тресе.

Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и не им е дозволено да се вратат внатре поради страв од нови потреси.

Локалните медиуми јавуваат дека многу жители од крајбрежните области се евакуираат пеш или со автомобил на безбедно.

Слични објави