Овен
Љубов:
Изгледате премногу анксиозно и имате лошо претчувство, но за среќа вашиот партнер знае како да ве расположи во вистинскиот момент.
Работа:
Се обидувате да го одложите состанокот со колегите кои очекуваат конкретни одговори или одреден тип на деловна концесија.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ја нарушуваат вашата концентрација или психолошка рамнотежа.
Бик
Љубов:
Наместо интензивно да размислувате за нечии маани, подобро е посериозно да го анализирате вашето однесување или грешки.
Работа:
Упорно се трудите да ја импресионирате околината, но успехот не се постигнува на лесен и едноставен начин.
Здравје:
Важно е да имате силна мотивација и добра волја.
Близнаци
Љубов:
Ве привлекува комбинација од емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста која е во вашето друштво и недостига нешто од тоа.
Работа:
Во односите со соработниците има спорни моменти, па нечии ветувања подлежат на нагли промени.
Здравје:
Поширокиот социјален ангажман позитивно влијае на вашата ментална рамнотежа.
Рак
Љубов:
Саканата личност се обидува да ве остави убедени дека се е во најдобар ред. Но, чувствувате нов проблем.
Работа:
На деловната сцена се си има свој „живот“, но вие упорно инсистирате на работи кои одамна се надминати.
Здравје:
Ќе уживате во релаксација и опуштање.
Лав
Љубов:
Ако добивате „лош сигнал“, важно е да се тргнете настрана и да чекате подобра прилика. Избегнувајте емоционални предизвици.
Работа:
Упорно се обидувате да го наметнете своето влијание пред колегите, но има ситуации кои го надминуваат вашето професионално искуство.
Здравје:
Важно е психолошки да се ослободите од непотребните грижи, опуштете се.
Девица
Љубов:
Партнерот ви изгледа сомнително и тоа се одразува на вашето лошо расположение. Не сакате да се карате за ситници кои непотребно ве раздвојуваат.
Работа:
Ве очекуваат разни обврски, треба правилно да се организирате. Секаков вид на деловна превенција ќе се покаже како вредна помош.
Здравје:
Избегнувајте напорни ситуации кои психолошки ве вознемируваат.
Вага
Љубов:
Партнерот не сака лесно да се откаже од плановите што ги има. Но, некој мора прво да попушти. Бидете мудри.
Работа:
Состанокот со една личност ви делува интригантно, поради што не успевате да го скриете вашето лошо расположение и загриженост.
Здравје:
Ќе уживате во психофизичка релаксација.
Скорпија
Љубов:
Понекогаш работите изгледаат сосема поинаку од нечија приказна и ветувања. Проверете нечија емоционална наклонетост.
Работа:
Новите настани ги нарушуваат вашите планови и концентрација. На крајот, мора да прифатите компромис како решение за удобност.
Здравје:
Разубавете го вашето расположение, опуштете се.
Стрелец
Љубов:
Вие сте оптоварени со нови емотивни претчувства, но ова е одраз на вашата моментална состојба и недостаток на инспирација.
Работа:
Средбата со една личност ви изгледа заморно, не обрнувате доволно внимание на други настани во кои активно учествуваат вашите соработници.
Здравје:
Поттикнете ја упорноста, оптимизмот и силната волја во себе.
Јарец
Љубов:
При средба со саканата личност, покажете искрени намери, разбудете некои „заспани“ желби и емоции.
Работа:
Поттикнете ја вашата љубопитност, но не преминувајте преку „ѕидовите на вистината“. Ве очекува поучно искуство во деловната соработка.
Здравје:
Одржувајте добро расположение и позитивна ориентација.
Водолија
Љубов:
Обидете се да разберете нечија слабост. Нема потреба да се „казнува“ саканата личност.
Работа:
Ве очекуваат разни проблеми во комуникацијата со деловните партнери и дополнителни обврски.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации и бидете повнимателни во сообраќајот.
Риби
Љубов:
Изгледате прилично возбудено и тешко ги контролирате вашите емоционални импулси. Често го губите трпението пред блиска личност.
Работа:
Нема причина некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да го ограничи вашето деловно и општествено влијание.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ве исцрпуваат.