Девојка паднала од ѕид висок два метри, итно пренесена на скопски клиники

од Вести365.МК Ј.Р.

Вчеравечер во 23:10 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во угостителски објект на регионалниот пат Маврово-Дебар, на место викано Манастирска крстосница, вработената А.К.(27) од Дебар паднала од ѕид со висина од околу два метри кај помошниот влез, соопшти денеска СВР Тетово.

Девојката е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекраска помош, а увид на
местото извршила екипа од ОВР Гостивар, по што ќе се знаат повеќе детали за инцидентот.

Слични објави