Дали родителите на Коста сакале синот да го префрлат во Македонија?

од Вести365.МК Ј.Р.

Мајката и таткото на момчето коe уби девет врсници и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград смислиле план да го извлечат синот од здравствената установа каде што е сместен и да го префрлат во странство, дознава „Курир.рс“.

Мајката и сестрата на 13-годишниот Коста Кецмановиќ пред неколку дена се обиделе да ја напуштат Србија, но се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија. Не е познато која била крајната дестинација, Македонија или пак Грција.

Таткото на момчето, да потсетиме, е во притвор од 3 мај и е осомничен за тешко дело против општата безбедност. Се сомничи дека малолетниот син го обучувал да ракува со огнено оружје така што го однел во стрелачки клуб каде вежбал стрелање, но и поради необезбедување услови за безбедно чување на оружјето што го поседувал легално.

Против мајката на момчето убиец во тек е предистражна постапка, со цел да се утврди дали во нејзините дејствија имало елементи на занемарување и злоупотреба на детето.

Таткото и мајката смислиле план да го посетат со нотар во притвор, за да потпишат полномошно неговата сопруга да располага со имотот и да и даде овластување да го изнесе детето надвор од државата. Овој нивен план бил спречен во последен момент,

Тринаесетгодишникот не може да одговара кривично, згрижен е во болница, каде што гочува полиција. Соговорникот на Курир објаснува дека заверувањето на ова полномошно на нотар им е важно на родителите затоа што е неопходна согласност од двајцата родители за малолетно дете да ја напушти државата.

Најверојатно, нивниот план бил мајката да се обиде да го извлече момчето масовен убиец од болница. Имено, по делото тој бил сместен во здравствена установа со согласност на неговата мајка која се потпишала. Сепак, мајката може во секое време да ја повлече оваа согласност – додава соговорникот на Курир. Според него, тоа не би значело автоматско ослободување на убиецот од Рибникар.

Во случај мајката да ја повлече согласноста, за понатамошната судбина и притвор на момчето би требало да одлучуваат стручни лица, или стручна комисија. По нивните сознанија и мислење за неговата психичка состојба и можноста да се разбере што направил, конечната одлука дали може да биде ослободен, што е малку веројатно, би ја дал судијата – ја објаснува постапката соговорникот на Курир.

Нов живот

Најверојатно планот на родителите бил мајката да го распродаде целиот имот за да има пари за нов живот во странство.

Меѓутоа, во последен момент таткото бил спречен да и даде согласност на мајката – додава соговорникот на Курир и објаснува дека мајката ниту може да го изнесе момчето од Србија, ниту може да го продаде имотот, кој во меѓувреме има беше блокиран од судот.

-Нема шанси момчето кое го изврши масакрот да биде ослободено. Ова не е реално – заклучува нашиот извор.

Слични објави