Вучиќ: Американските санкции против српската нафтена компанија НИС на сила од 1 октомври

од Вести365.МК Ј.Р.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави во Њујорк дека САД се согласиле да го продолжат невоведувањето санкции врз српската нафтена индустрија само за четири дена и дека тие ќе стапат на сила на 1 октомври, пренесе Н1.

„Не е добра вест, но е очекувана. Ние сме колатерална штета на односот меѓу Западот и Русите, ќе платиме исклучително висока цена“, рече Вучиќ за медиумите од Србија.

Вучиќ ​​рече дека претстојат „тешко време и тешка зима“ и дека ќе „направи сѐ што може“ за да се осигура дека граѓаните ќе имаат „топла зима во своите домови“.

Слични објави