ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски и Груби секретар на училиште стана член на експертската комисија за уставни измени

Само со Ковачевски и Груби, како секретар на училиште стана член на експертската комисија за уставни измени!? Ковачевски и Груби го предложиле Христа Најдов секретар на училиште, како еден од членовите на работната група која треба да ги пишува уставните амандмани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие прашуваат која е експертизата од уставната материја што може да ја има еден секретар на училиште?

– Со каква уставна проблематика се соочува Најдов, предложен од Ковачевски и Груби како секретар на училиште, па за сега да се очекува дека тој ќе даде суштествен придонес. Ковачевски и Груби немаат луѓе со експертско знаење, користат неколку партиски блиски лица, кои се експерти за се, нагласуваат тие.

Додаваат дека Најдов е човек, кого власта претходно го праќаше во работни групи за родова еднаквост, за изборен законик и за што ли уште не, а сега и за уставни амандмани.

– Вистинските експерти не сакаат да бидат дел од циркусот на власта наречен работни групи за уставни измени, затоа наместо стручни лица во работната група имаме пензионери, поддржувачи на Путин и секретари од училишта. Работната група нема кредибилитет, и таа треба да се распушти, стои во соопштението.

Слични објави