ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже кој од нашите два предлога е прифатлив пред каков било друг чекор

од Вести365.МК Ј.Р.

Клучното прашање на кое Ковачевски треба да одговори и без кое нема продолжување на разговорите е кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за СДСМ, потребен е јасен и недвосмислен одговор пред било каков друг чекор, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по вечерашните седници на Извршниот и Централниот одбор.

Откако Ковачевски кажа дека на лидерската средба нема договор, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, сега направи партиски состанок за кој разговара за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што Македонија има пишман премиер и тоа што главната комуникација оди преку јавни препукувања говори за тоа во каква атмосфера се носат важни одлуки.

Уставни измени какви што понуди СДСМ под бугарски диктат не се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ не е прифатливо членство во ЕУ и заштита на националниот идентитет. Она што беше понудено од претседателот Мицкоски е промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што дополнуваат, понудени се два предлога.

-Првиот преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ, вториот избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата. Клучното прашање на кое Ковачевски треба да одговори и без кое нема продолжување на разговорите е кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за СДСМ? Потребен е јасен и недвосмислен одговор пред каков било друг чекор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска информираше дека ЦО оценил дека е добро што на средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент, како и дека го поздравуваат, како што рече, првиот чекор што го направил Мицкоски со прифаќањето на уставните измени.

Слични објави