ВИДЕО Новинарка му кажа на Харисон Форд (80) дека сè уште е убав, неговата реакција е хит

од Вести365.МК Ј.Р.

Актерот Харисон Форд (80) беше во Кан на премиерата на својот нов филм за Индијана Џонс, а потоа учествуваше на прес-конференција на која одговараше на новинарски прашања, а една новинарка му даде интересна забелешка.

Многу си згоден и сите се воодушевивме кога ја соблече кошулата во една сцена од филмот. Сè уште го имате во себе – рече новинарката. Потоа го прашала:

Како успевате во тоа? Можете ли уште да јавате коњ?

Лицето на Харисон покажа дека е засрамен, па правеше смешни гримаси, но на новинарката и даде конкретен одговор.

Да, можам да јавам коњ ако ми дозволат – одговори тој и се пошегува:

Благословен сум со ова тело. Ви благодарам што забележавте.

Инаку, холивудската актерска двојка Харисон Форд и Калиста Флокхарт по долго време заедно прошетаа на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, а легендарниот актер ја доби Златната палма, највисоката награда на фестивалот, за животно дело во филмската индустрија. Додека пред филмот беа прикажани најпознатите моменти од неговата речиси педесетгодишна кариера, тој се расплака, пишува Hollywood Reporter.

Слични објави