Видео: Ако имате IPhone, пожелно е веднаш да го ажурирате?!

Секоагаш е важно да се посвети внимание на безбедноста и ажурирањето на уредите, вклучително и на iPhone и iPad. Конкретно во оваа моментална ситуација, постоечките три безбедносни закани, се отстранети со најновото ажурирање на оперативниот систем iOS 16.5. Apple препорачува на сите корисниците на iPhone и iPad да ги ажурираат своите уреди што е можно поскоро.

Заканите можат да влијаат на следниве модели: сите модели на iPad Pro, сите модели на iPad Air од 3-та генерација наваму, сите модели на iPad од 5-та генерација наваму и сите модели на iPad Mini од 5-та генерација наваму. За да бидете сигурни за точниот модел на вашиот уред, можете да проверите во поставките на уредот.

За ажурирањето на уредот, можете да ги следите упатствата на официјалната веб-страница на “Apple” за да ја дознаете целата постапка или можете да го погледнете видео туторијалот објавен од “Apple”:

Посветете внимание на безбедноста на вашите уреди и редовно ги ажурирајте со најновите софтверски верзии за да ги заштитите вашите лични податоци.

Слични објави