Болест го спречи Пендиков да се појави на суд, рочиштето одложено

од Вести365.МК Ј.Р.

Поради отсуство на првобвинетиот не се одржа денешното рочиште од процесот што во Основниот суд во Охрид се води по предметот по пријавеното претепување на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид.

Правните застапници на одбраната до Судот доставија медицинска документација со која го правдаа отсуството на првообвинетиот Илија Спасески, кому од лекар специјалист му е одредено боледување со мирување во времетраење од најмалку 15 дена.

Јавното обвинителство од Охрид поднесе обвинителен акт против Спасески, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот се произнесе невин. Спасески во истражната постапка се бранеше со молчење.

Следното судско рочиште по предметот судијата Бојан Мартиноски го закажа за 21 септември.

Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, по одложувањето на рочиштето изјави дека обидите за одложување на процесот кажуваат многу за самиот процес.

Обвинетиот треба да биде присутен на судските рочишта и да ја докаже својата невиност. Во спротивно, претпоставувам дека ќе си наоѓа изговори да не доаѓа на судските рочишта, рече Камишевски.

Слични објави