Божиновски: СДСМ не може да победи на избори

Она што го говореше Заев пред избори ништо не се случи, не е оствари, вели универзитетскиот професор Владимир Божиновски во СТУДИО 10 на ТВ 24, и додава дека политичарите не смеат да лажат.

Она што ВМРО-ДПМНЕ треба да го стори е да изнесе кои се нивните решенија кога би дошле на власт. Оти мораат да им објаснат на неопределените, многу јасно, што понатаму околу бугарскиот договор и другите горливи прашања. Засега е јасно кажано дека бараат реципроцитетни добри односи од страна на Бугарија, вели Божиновски.

Останува да видиме како ќе се одвиваат и работи во албанскиот политички блок, оти албанското гласачко тело не е насочено само кон ДУИ, појаснува Божиновски и вели дека може да се очекува доколку има поголема разлика меѓу пратеничките места на ДУИ и партиите на албанските опозициски партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе направи коалиција со нив, а не со ДУИ.

– Ја исклучувам можноста дека СДСМ може да победи на следните избори. СДСМ дојде на власт благодарение на гласовите на неопределените и на Шарената револуција. И на овие избори најверијатно нема да победи ВМРО-ДПМНЕ туку ќе изгуби СДСМ, вели Божиновски.

Божиновски смета дека парламентарните и претседтелските избори треба да бидат истовремено пред се заради трошоците кои ако се одвоени би биле дополнителни 10 милиони евра што за нас не е малку.

Слични објави