Биковиќ воодушевен од Охрид: Фестивалот е еден од најубавите на светот, мојот дедо потекнува од Македонија

Српскиот актер, Милош Биковиќ, којшто е многу популарен ширум Балканот, но и во странство,  очиглено е воодушевен од Охрид.

Тој летово престојуваше во Охрид по повод фестивалот „Охридско лето“ каде што настапи заедно со неговите колеги од Белградско драмско позорише со театарската претстава „Лагата“.

Околу една недела откако заврши фестивалот, Биковиќ сподели неодоливи фотографии и кратки видеа од прекрасниот Охрид.

Го затворивме Охридско лето со претставата „Лагата“. Овој фестивал е еден од најубавите фестивали на светот. Тој се одржува во Македонија од каде потекнува мојот дедо. Претставата беше за паметење. И денот исто така не беше за фрлање“, напиша Биковиќ под објавата.

За време на престојот во Охрид, Биковиќ сподели дел од атмосферата со своите колеги додека уживаа во пливањето во Охридско Езеро, прошетка со катамаран и ручек со традиционална македонска храна во кафеана.

Слични објави