АХВ: Отповикување на небезбеден производ Милка Орео 37гр.

од Вести365.МК Ј.Р.

Операторот со храна ТД Нелт СТ ДООЕЛ, врши отповикување на следниот производ, чоколодо Милка Орео 37 гр. поради присуство на пластични фрагменти, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

– Повлекувањето се однесува за производот под назив „Чоколаден бар Милка Орео 37гр.“ со сериски број/лот: OSK0934652 и рок на употреба до 18.08.2024, од производителот Mondelez Polska Production SP Zoo, се вели во  соопштението објавено на веб страницата на АХВ.

Увозник и дистрибутер во земјава е компанијата ТД Нелт СТ ДООЕЛ.

Слични објави