Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од псевероисточен правец.

Во Скопје oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб ветер од северен правец.

Локални врнежи од дожд ќе има и утре. Стабилизирање на времето со пораст на дневната температура ќе има од вторник.

Слични објави