Трамп е уапсен!

од Вести365.МК Ј.Р.

Поранешниот претседател Доналд Трамп пристигна во канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, каде што е уапсен и во полициски притвор пред неговото претстојно судење, објави СиЕнЕН

Тој сега ќе мине низ процес на регистрација, каде се очекува да му се земат отпечатоци од прсти и фотографија. Откако ќе биде регистриран, ќе биде одведен на 15-тиот кат каде ќе се соочи со судијата во судницата што се очекува да помине брзо и рутински, но претставува надреален и историски момент во историјата на САД.

Трамп не се очекува да биде врзан со лисици по апсењето, бидејќи тој ќе остане под постојана заштита на органите за спроведување на законот.

Пред неколку часа настана хаос пред судот на Менхетн кога некои од неговите огнени приврзаници се судриле со огорчените демонстранти. Една од приврзаниците на Трамп се фрлила на транспарент против Трамп и се обидела да го скине. Наишла на неверување од страна на демонстрантите кои ја кренале и уследила турканица, во која таа извикувала дека има ковид.

Во мејлот насловен како „Моја последна порака пред апсењето“ тој бара од луѓето да се вклучат во спасувањето на Америка, а вклучува и линк за собирање на средства. Тој исто така изразува загриженост дека САД стануваат Марксистичка земја од Третиот свет.

Кратко откако мејлот протече во јавноста, Трамп објави и порака на „Truth Social“, социјалната платформа која ја поседува, критикувајќи го тоа што пред судот се појавува токму во Њујорк, бидејќи тоа е држава во која во некои делови за републиканците гласале само 1 процент од гласачите.

Слични објави