Средба Ковачевски – Голоб во Словенија

од Вести365.МК | С.З.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски е во официјална посета на Република Словенија, заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Претпладнево премиерот Ковачевски беше пречекан со највисоки државни почести од неговиот словенечки колега, Роберт Голоб.

Во агендата за посетата предвидена е тет а тет средба на премиерите Ковачевски и Голоб, по што ќе има и билатерална средба на македонската и словенечката делегација, проследена со потпишување заедничка декларација со премиерот Голоб, за зајакнување на соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија како и заедничка прес-конференција на двајцата премиери. Според агендата, попладне премиерот Ковачевски треба да се сретне и со претседателката на Словенија, Наташа Пурц Мусар.

Фокусот на разговорите е ставен на билатералната соработка меѓу двете држави, евроинтеграцијата на Северна Македонија, актуелните регионални и меѓународни прашања меѓу кои и војната во Украина и сојузништвото и обединетоста околу ова прашање.

Слични објави