Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Врз основа на податоците од УХМР, времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утре под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).
Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
Од недела и во следните денови времето повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи.

Во Скопската Котлина утре претпладне ќе има пороен дожд со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Во сабота се очекува претежно сончево време, а во недела и во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Слични објави