Смрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе се одмрзнат и ќе поскапат

од Вести365.МК Ј.Р.

Иако пред само неколку дена владата донесе одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, ова не траеше долго, бидејќи трговците се жалеа за зголемените трошоци при увоз од надвор, затоа овие цени повторно ќе се зголемат. Министерот за економија уверува дека доколку во меѓувреме има намалување на царинските давачки, ќе се вратат старите цени.

За ова во текот на вчерашниот ден соопшти и Владата, од каде рекоа дека одлуката ќе важи како и претходната, до 30 април.

„Констатирано е дека беше потребна една ваква одлука, како што соопшти министерот по економија, по координативниот состанок на надлежните институции во врска со ова прашање. Оваа одлука, која следи по одлуката за замрзнување на цените на некои видови овошје и зеленчук, се предвидува да важи до крајот на месец април“, велат од Владата.

Трговците на мало воопшто не се задоволни со оваа одлука на владата. Тие се жалат дека на пазарот на големо ги купуваат поскапо, а мораат да ги продаваат поевтино. Од друга страна, граѓаните ја поздравија одлуката иако посакуваат цените да бидат уште поевтини. Од ДПИ се извршени илјадници контроли од каде се изречени казни во вредност од 2.5 милиони денари.

Слични објави