Шилегов го тргна, Арсовска го враќа Ќосето пред судовите

од Вести365.МК Ј.Р.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска почнува со постапка за да го врати споменикот на Андон Јанев – Ќосето (1855-1953) со кама в рака, познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, кој си го убил и братот, пред комплексот судови во Скопје, јавува СДК.мк.

Арсовска поднела барање до општина Центар да добие согласност за започнување на постапката за враќање на споменикот на истата локација од која е отстранет.

Спомен-обележјето беше отстрането во февруари 2018 година од тогашниот градоначалник Петре Шилегов со образложение дека нема дозвола.

Шилегов тогаш рече дека градежниот инспекторат на општина Центар ја проверил фактичката состојба, при што утврдил дека инвеститорот, Град Скопје, нема решение за поставувањето на овој споменик.

Слични објави