СЕГА ИМА УШТЕ ОСУМ ЖИВОТИ! Мачка спасена од урнатините 49 дена по земјотресот во Турција

од Вести365.МК Ј.Р.

Мачка е спасена од под остатоците на зграда на југот на Турција, која поминала дури 49 дена под урнатините, пренесува Курир.

Сопственичката на мачката Нида Дина (36) и нејзината ќерка секојдневно доаѓале до урнатините барајќи ја својата двегодишна мачка Хан.

  • Зградата ни беше оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи некаде се сокри. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините на нашата зграда – вели Дина.

Таа смета дека тоа е вистинско чудо и дека се радува поради тоа, но им порача на луѓето никогаш да не губат надеж бидејќи чуда навистина се случуваат.

  • Хан моментално е во ветеринарната станица. Има проблеми со ногата и е на детален преглед. Се надевам дека ќе ги надмине сите проблеми – изјави Дина.

За маката Хан претходно се грижеше и ветеринарката Фатма Гул Ханчуолу, која сега е пресреќна што ја гледа жива по 49 дена од разорниот земјотрес.

  • Ја извлековме и веднаш ги повикавме сопствениците. Постојано доаѓаа и прашуваа за мачката – рече ветеринарот.

Да потсетиме, разорните земјотреси ги погодија јужните региони на Турција на 6 февруари, со епицентар во областа на градот Кахраманмараш, од каде доаѓа трогателната приказна за преживеаниот миленик.

Слични објави