Мал спортски авион се урна во шума во североисточен Лондон во близина на аеродромот Деминс Хол во Апминстер околу пладне. Лондонската противпожарна бригада (LFB) соопшти дека пронашла маж и жена заробени во авионот во блиската шума, пишува Би-Би-Си.
На местото на несреќата била повикана и брза помош. Мажот од урнатиот авион се здобил со повреди опасни по живот. Тој и неговата сопруга биле пренесени во болница.
Како што се дознава, несреќата се случила веднаш по полетувањето на авионот од аеродромот. Полицијата соопшти дека итната помош останала на местото на настанот.
Засега нема информации за причините за падот на авионот.