РЕК Битола го пушти во употреба новиот систем за ископ на јаловина

Започна со работа новиот систем за ископ на јаловина во Рудникот ПЈС Суводол на РЕК Битола. Овој систем, двојно ќе го зголеми ископот на земја, со што ќе се олесни и забрза екплоатацијата на јаглен за производство на струја. За изградба на системот искористени се стари делови, репарирани од страна на вработените во РЕК Битола, а дел од елементите се изработени во ФОД, со што заштедени се околу 7 милиони евра во буџетот на АД ЕСМ.

„Со пуштањето на новиот јаловински систем, втор во рудникот Суводол или четврт во нашиот комбинат, ќе имаме поголем ископ на јаловина. Тоа значи дека од денес кај нас во Рек започнува новата грејна сезона 2024 иако знаеме дека грејната сезона 2023 е при крај и ја завршуваме со над 300 илјади тони јаглен на депонија 50 илјади тони од Брод- Гнеотино. Системот е вреден над 7 милиони евра, така што работниците и менаџерскиот тим со сопствени сили оспособивме стари станици и други пропратни елементи што треба за системот и заедно со ФОД, се со цел да направиме нов систем, да обезбедиме успех на новата грејна сезона и стабилоно производство,“ изјави Пеце Матевски, директор на РЕК Битола.

„Системот е составен од пет транспортери, пет погонски станици, багер одлагач, во должина од 3 и пол километри и ќе го зголеми двојно ископот на јаловина во однос на претходната година зашто сега ќе копаат два системи“, рече Димитар Петковски, технички директор на ПЕ Рудници.

„Новиот јаловинскиот систем во рудникот ПЈС Суводол, требаше да биде ставен во функција пред 15 години, но тоа не беше направено заради немање на материјали, но и заради немарност на поранешните одговорни лица. Со пуштањето на овој систем ќе се намали механизацијата што ќе ископува во рудникот Суводол јаловина која не чинеше многу пари. Со ова ги намалуваме нашите трошоци, а го зголемуваме профитот на компанијата. Ако е поевтин ископот ќе биде и поевтина цената на јагленот, а тоа ќе се рефлектира и на цената на струјата“, изјави техничкиот директор на Рудници Драган Видановски. 

Во Рудникот ПЈС Суводол на РЕК Битола, вкупните резервите на јаглен се околу 45 милиони тони. Со петгодишниот рударски проект по кој се работи во моментов и во следните пет години, лоцирани и обезбедени за експлоатација се 15 милиони тони. Проценките се дека двата постоечки рудници на РЕК Битола – ПЈС Суводол и Брод – Гнеотино, како и рудникот Живојно кој наскоро треба да започне со  работа, ќе обезбедат јаглен за производство на електрична енергија во следните 20тина години. 

Системот е ставен во функција после 15 години.

Слични објави