Прогласена најубавата плажа во Европа за 2023: За жал таму не можете да се капете?

“Трипадвајзор” (Tripadvisor), како дел од годишните награди „Избор на патувачите“ (Travellers’ Choice), објави листа на најдобрите плажи во Европа и светот. Интересно е што плажата во Исланд ја зазеде првата позиција во конкуренција на Стариот континент. Оваа плажа е позната по замрзнатата и студена вода, како и бранови чија висина достигнува и до 40 метри.

Изборите за листата на најдобрите плажи се направени врз основа на десетици милиони рецензии оставени од милиони патници во изминатите 12 месеци, за да се состави листа на нивните омилени дестинации. Најпопуларните плажи нудат различнос за секој тип на турист, од љубителите на изгрејсонце и зајдисонце до оние кои трагаат по авантури и диви животни.

Плажата која е прогласена за најдобра во светот за 2023 година е онаа до која може да се стигне само по скали од копното. Баја де Санчо, во Бразил, не е позната само по совршената тиркизна вода и плажата од бел песок, туку и по егзотичната низа на диви животни.

За најубавата плажа во Европа е прогласена плажата Рејнисфјара во Вик, Исланд, со светски познатиот црн песок и импозантните карпи кои се издигнуваат над брегот. Иако оваа плажа ја зазеде четвртата позиција во светот, туристите треба да бидат внимателни поради силните бранови кои доаѓаат во непредвидливи интервали и можат да бидат опасни за пливање.

Меѓутоа, плажата е популарна меѓу љубителите на птици поради разновидноста на морски птици кои се забележани во близина, но и поради брановите високи до 40 метри и замрзнатата вода, а се истакнува дека ова е плажа на која најдобро да и се восхитувате од безбедно растојание, од брегот. Плажата која се наоѓа на јужниот брег на Исланд всушност крие мрачна историја. Имено, многу туристи на оваа плажа ги загубија животите обидувајќи се да направат совршена фотографија.

Туристите можат да се восхитуваат од безбедно растојание, од брегот и можеби ќе ја препознаат и позадината од серијата „Game of Thrones“. Оваа плажа ја споделува листата со најубавите плажи во светот, како што се плажата Игл во Аруба, Кејбл плажата во Австралија, Праја да Фалесија во Португалија, плажата Раданагар во Индија, Спиаџиа деи Конигли на италијанскиот остров Лампедуза, плажата Варадеро на Куба и плажата Каанапали на Хаваите.

Слични објави