Овен
Љубов:
Обидете се да бидете доволно шармантни пред личноста која ги тестира вашите духовни квалитети и лични способности.
Работа:
Кога се среќавате со соработниците, подобро е да се фокусирате на моменталната ситуација отколку да се занимавате со далечни прогнози.
Здравје:
Ќе ви годи витаминската исхрана и повеќе течности.
Бик
Љубов:
Кога се среќавате со блиска личност, мора да имате доволно сила да ја прифатите целосната вистина или работите што не ви се допаѓаат.
Работа:
Внимателно ги анализирате новите настани на деловната сцена и откривате разни неправилности. Поширок поглед на можните решенија носи поголем успех.
Здравје:
Ќе почувствувате психолошко олеснување по искрен разговор и доверба.
Близнаци
Љубов:
Сè почесто почнувате да пропуштате нечие присуство или емотивно внимание. Нема причина да ги потиснувате вашите чувства и потреби.
Работа:
Јасно ви е дека многу работи изгледаат поинаку во однос на јавно кажано или презентирано во друштвото на соработниците.
Здравје:
Избегнувајте депресивно расположение и деструктивно однесување.
Рак
Љубов:
Ве привлекува комбинација од емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста која е во вашето друштво и недостига „нешто“ од тоа.
Работа:
За околината делувате привлечно и шармантно, но тоа не е доволна гаранција за деловен успех.
Здравје:
Социјалниот ангажман позитивно влијае на вашата ментална рамнотежа.
Лав
Љубов:
Не сакате емоционална удобност, но нечие однесување ве потсетува на „исценирана претстава“ во која ви е доделена споредна улога.
Работа:
Нема потреба од учество во нова дискусија за деловни цели, има различни сфери на интерес и определување меѓу соработниците.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација и активен одмор.
Девица
Љубов:
Ќе уживате во средба со блиска личност и емотивно внимание. Направете се што е потребно за да постигнете взаемно задоволство.
Работа:
Некој индиректно ви дава до знаење дека секоја услуга има своја повратна цена и значење.
Здравје:
Обрнете внимание на работите што ве исполнуваат духовно.
Вага
Љубов:
Обрнете внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение. Емотивната средба носи взаемно задоволство.
Работа:
Постојат различни околности кои ве забавуваат, некој не сака да ги слуша вашите идеи. Не го барајте невозможното.
Здравје:
Ќе ви годи прошетка или поминување време во природа.
Скорпија
Љубов:
Нема причина да се однесувате пресретливо. Важно е да се разбере „вистинската вредност“ на нечие присуство.
Работа:
Постапувајте по ваши критериуми и без детални објаснувања. Тркалото на среќата се врти, некаде победуваш, а некаде губиш.
Здравје:
Сочувајте ја вашата присебност и добра концентрација.
Стрелец
Љубов:
Забележувате дека вашиот партнер итро и вешто ги игнорира вашите идеи. Не можете да влијаете на нечија волја и одлуки.
Работа:
Избегнувајте прекумерна изложеност во друштво на соработниците. На крајот на краиштата, секогаш постои факторот изненадување.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.
Јарец
Љубов:
Без нечие присуство чувствувате емотивна празнина. Тешко ви е да ги изразите своите чувства и намери пред блиска личност.
Работа:
Ве интересираат конкретни резултати и можност за забрзано напредување на деловните скалила. Обрнете внимание на вашиот стил на изразување.
Здравје:
Следете го вашиот „внатрешен глас“ и потреби, опуштете се.
Водолија
Љубов:
Избегнувајте нова семејна или емотивна расправија. Најдобро се чувствувате со личност која ги разбира вашите емоционални потреби.
Работа:
Се обидувате да смислите нови и корисни решенија, но вашата околина нема слух или волја да ви се придружи.
Здравје:
Обрнете внимание на соодветна здравствена заштита.
Риби
Љубов:
Во врската со саканата личност поставете јасна граница помеѓу пристојното однесување и меѓусебната доверба.
Работа:
Треба да ги завршите вашите задачи во предвидениот рок. Никој нема да ги толерира вашите изговори или деловни неуспеси.
Здравје:
Ќе ви годи рекреација или престој во природа.