Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради дефект на улица „Копенхагенска“ број 4б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа, како и од улиците: „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Стокхломска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“, почнувајќи од 09:00 часот.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“поради специфичност на дефектот се очекува санирањето на истиот да биде во вечерните часови. За време на прекинот, ќе биде обезбедена цистерна со питка вода.