Ова е причината поради која руската офанзива кај Бахмут заглави

од Вести365.МК Ј.Р.

БРИТАНСКОТО Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина.

„Недостигот на војници веројатно ја кочи руската офанзива во градот“, велат Британците.

Тие ги преиспитаа тврдењата на руските медиуми дека платеничката група „Вагнер“ запленила фабрички комплекс во северниот дел на центарот на градот, велејќи дека „најверојатно сè уште е спорно“.

„Руските напади се сè уште на намалено ниво во однос на претходните недели. Едно од клучните достигнувања на неодамнешните украински операции веројатно беше туркањето на руските војници на групата Вагнер од рутата 0506“, соопшти британското Министерство.

0506 можеби е само селски пат, но стана клучна линија за снабдување на украинските војници. Претходно војниците на Вагнер беа на неколку стотини метри од тој пат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска предупреди дека загубата на Бахмут може да резултира со голем предизвик за Украина и може да ја принуди земјата на компромис со Русија.

Слични објави