Одложена собраниската расправа за коридорите

Во законодавниот дом требаше да продолжи расправата за измените на законот за работни односи во деловите за прекувремена работа, местото и начинот на исплата на работниците на проекти од национален и стратешки интерес на државата што се предлагаат по скратена постапка. На собранискиот сајт иако беше најавена од службите подоцна известија дека седницата се одложува без да прецизираат кога ќе продолжи. Со законските измени се предлага прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела. Демократискиот сојуз претходно побара пратеници да го отфрлат продолжението на расправата за коридорите и инсистира договорот да се објави и да биде предмет на стручна анализа и јавна расправа.

Слични објави