Во Скопје облачно и студено, претпладне со слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до седум степени.
Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од среда до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула.