Објавени платите на фудбалерите на ПСЖ, боли глава!

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ ги објави платите на фудбалерите во француското првенство, но на првите 10 месета се само играчите на ПСЖ. Килијан Мбапе е убедливо најплатениот со неверојатни 6 милиони евра месечно, што е приближно исто колку платите на Нејмар и Меси заедно.

Напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер е на 11 место со 650.000 месечно, додека 13-ти Џордан Верету од Марсеј со плата од 550 илјади евра. Останатите во ТОП 15 исто така се од ПСЖ.

Платите на ТОП 10 фудбалерите на ПСЖ се следни:

  1. Килијан Мбапе – 6 милиони евра
  2. Нејмар – 3,675
  3. Лионел Меси – 3,375
  4. Маркињос – 1,2
  5. Марко Верати – 1,2
  6. Ашраф Хакими – 1,083
  7. Џанлуиџи Донарума – 916.000С
  8. Серхио Рамос – 791.600
  9. Хуан Бернат – 730.000
  10. Норди Мукиеле – 700.000

Слични објави