Новак е повторно бр.1 на АТП листата!

Новак Ѓоковиќ повторно е прв светски рекет! Откако поради забрана за влез во Соединетите Американски Држави падна од првото место на АТП листата, мораше да чека еден месец за да се врати на врвот. Карлос Алкараз беше во можност да го задржи првото место, но загуби во финалето на турнирот во Мајами против Медведев.

Сега, со 7.160 бодови, Ѓоковиќ е прв, а Карлос Алкараз е втор со 6.780 и ќе остане на тоа место во следните две недели. Двајцата тенисери нема да играат на турнирот во Есторил, но ќе се појават на турнирот во Монте Карло каде ќе започне нова битка за првото место на АТП листата.

Пред Ролан Гарос, очите ќе бидат насочени кон врвот на АТП листата, бидејќи Рафаел Надал се опоравува од повреда и се подготвува за настап на турнирите во Монте Карло, Барселона и Мадрид.

Слични објави