Нов инцидент во затворот „Идризово“ – Осуденици влегле во канцеларија во затворениот дел и го оштетиле инвентарот

од Вести365.МК Ј.Р.

Нов инцидент регистриран во затворот „Идризово“.

Тројца осудени лица влегле во канцеларија во зградата на затвореното одделение во установата каде имало вработени.

-На 30.03.2023 во 15.17 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.30 часот во канцеларија во зградата на затвореното одделение во установата, во која имало вработени лица, влегле осудениците Р.К(34), Н.З.(31) и Б.З.(32) и еден од нив оштетил дел од инвентарот, велат од МВР за Курир.

За случајот е запознат Јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Слични објави