Вчерашниот оперативен зафат на желудникот на Бојан Јовановски-Боки 13 траеа околу 3 и пол часа, потврдуваат извори на Фактор од Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ или поранешна Градска болница. Велат дека станува збор за една од потешките операции која е успешно завршена.
-По долги испитувања направени кај пациентот Бојан Јовановски, стричниот колегиум одлучи да направи оперативен зафат бидејќи постоеја сериозни индикации за тоа. Беа утвредни промени на овој витален орган заради што мораше да се направи операцијата. При тоа, кај пациентот отстранет е поголем дел од желудникот, односно останати се само 15 проценти од органот. Со текот на времето ќе има проширување, но засега од желудникот му се останати само 15 проценти. Потоа, кај пациентот е направено спојување на остаточниот дел од желудникот со тенкото црево за да има нормална функција цо однос на хранењето, велат изворите на Фактор.
Целиот текст тука.