НЕВЕРОЈАТНО! Човек украл ТРАМВАЈ во Загреб, се повозел 4 станици и го оставил

од Вести365.МК Ј.Р.

Во средата човек успеал да украде трамвај во Загреб, да го вози еден и пол километар по трамвајската мрежа, а откога стигнал каде што сакал, го оставил и побегнал во непознат правец, информира хрватската полиција.

Полицијата во Загреб добила пријава за украдениот трамвај во средата во 23:15 часот. Трамвајот бил украден од последната станица во населбата Љубљаница. Од полицијата известија дека немало патници за време на кражбата на трамвајот, освен човекот кое управувало со возилото.

Хрватската полиција ги прегледува видео записите од трамвајот за да го утврди идентитетот на лицето. Од јавното претпријатие ЗЕТ-Загреб информираат дека трамвајот не бил оштетен, при што тие допрва ќе утврдуваат кој е одговорен за пропустот кој довел до кражба на трамвајот.

Слични објави