Според најновата ФИФА ранг-листа објавена денес, Македонската фудбалска репрезентација го задржа 65-тото место. Иако во март ги победивме репрезентациите на Малта и Фарски Острови, тоа не беше доволно за подобрување на новиот поредок на ранг-листата.
Останатите репрезентации кои се во нашата група за квалификациите за пласман на Еуро 2024, репрезентацијата на Англија е најдобропласирана со 5-то место, додека Италија е на 8-то место. Украина се наоѓа на 30-тото место, додека Малта е на 172-то место.
Лидер на ФИФА ранг-листата е Аргентина, а по неа следуваат репрезентациите на Франција, Бразил и Белгија.