Mиле Зечевиќ си поднесе оставка од Надзорниот одбор на Стопанска Банка Битола

Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза вчера информираа дека членот на Надзорниот одбор (НО), Миле Зечевиќ до Собранието на акционери на Банката

поднел оставка од функцијата независен член на НО на Банката на 30.08.2023 година.

Согласно член 364 од Законот за трговските друштва, по поднесената оставка не се одлучува за нејзино прифаќање. Се смета дека на членот на Надзорниот одбор му престанал мандатот со денот на поднесувањето на известувањето за оставката, вописмена форма, освен ако во известувањето не е наведен некој друг датум.

Слични објави